НБА: 23-те поени на Џеди недоволни Кливленд да го сопре Санс, кој дојде до својата 15. победа во серија
Натпреварот меѓу Индијана Пејсерс и Лос Анџелес Лејкерс во регуларниот дел од натпреварот, по жестока борба заврши без победник, 112:112, а Лејкерси во продолжението успеаја да извојуваат победа од 116:124 на гостувањето во Индијана.

АНКАРА
Феникс Санс го совлада Кливленд Кавалирс со 120:115 во натпревар од американската Национална кошаркарска лига (НБА) и стигна до својата 15. победа во серија, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 13 натпревари во НБА. Минатогодишниот финалист, екипата на Санс, ја продолжи својата победничка серија и на гостувањето кај Кавалирс.
Најзаслужни за 15. победа на Санс, второпласиран во Западната конференција, беа Девин Букер со 35 поени, 4 скока, 3 асистенции, Деандре Ejтон со 16 поени, 9 скока, додека дабл-дабл постигнаа Крис Пол со 17 поени, 12 асистенции и Џавејл Макги со 13 поени, 12 скока.
Турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман, во петтиот последователен пораз на Кливленд Кавалирс на теренот мина 28 минути, постигнувајќи 23 поени, 4 скока, 2 асистенции и една украдена топка и беше еден од најпрецизните играчи на домаќините. Џарет Ален постигна дабл-дабл од 25 поени, 11 скока. Дариус Гарланд постигна 19 поени, 7 асистенции, Рики Рубио постигна 15 поени, Лаури Маркканен оствари дабл-дабл од 14 поени, 11 скока, додека Кевин Лав натпреварот го заврши со просек од 14 поени, 8 скока.
- Удел во победата на Рокетс даде и Алперен Шенгун кој достигна двоцифрен број поени
Хјустон Рокетс кој лошо ја започна сезоната доживувајќи 16 порази, ја извојува својата втора победа, совладувајќи го Чикаго Булс со 118:113.
Најпрецизни кај Рокетс беа Дануел Хаус кој постигна 18 поени, Кристијан Вуд постигна дабл-дабл од 16 поени, 10 скока, 6 асистенции, додека Кевин Портер натпреварот го заврши со 14 поени и 9 асистенции. Турскиот интернационалец Алперен Шенѓун за 16 минути поминати на паркетот постигна 13 поени, 4 скока, 2 асистенции и една украдена топка.
Во редовите на Чикаго Булс кој со овој пораз сезонава има скор од 12 победи и 7 порази, најпрецизни играчи беа Зак ЛаВин со постигнати 28 поени, Лонзо Бол со 19, Демар Дерозан со 17, Алекс Карузо со 15 поени, Никола Вучевиќ со дабл-дабл од 14 поени.
Филаделфија Севентисиксерс, во чии редови настапува турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз, на гостувањето кај Голден Стејт Вориорс доживеа пораз од 116-96.
Коркмаз на овој натпревар постигна 9 поени, 5 скока и една асистенција.
Во редовите на Вориорс најпрецизен играч беше Стефен кари со дабл-дабл од 25 поени, 10 асистенции, 4 скока. Свој придонес во победата дадоа Ендрју Вигинс со 19 поени, 6 скока и Џордан Пол со 17 поени, 6 асистенции, 5 скока.
- Повторно инцидент на натпревар на кој настапи Леброн Џејмс
Натпреварот меѓу Индијана Пејсерс и Лос Анџелес Лејкерс во регуларниот дел од натпреварот, по жестока борба заврши без победник, 112:112, благодарение на добрата игра во одбраната. Лејкерси во продолжението успеаја да ги совладаат Пејсерси со 116:124 на гостувањето во Индијана.
Леброн Џејмс, ол-стар играчот на Лејкерс, кој се врати на паркетот откако првпат во својата 19-годишна кариера беше суспендиран, со своите постапки повторно беше централна личност и на овој меч.
Џејмс беше најдобар стрелец на натпреварот постигнувајќи 39 поени, 6 асистенции, 5 скока и ја имаше водечката улога во победата. За време на натпреварот, Леброн им се пожали на чуварите на редот на двајца гледачи кои седеле во првиот ред од трибините, кои потоа беа отстранети од теренот.
По натпреварот, Леброн, истакнувајќи дека односните навивачи упатувале непримерни изјави кон него, продолжи со зборовите: „Се соочив со момент во кој јас не би требало да кажам нешто кон навивачите, кои кон мене упатија зборови што не требаше да ми ги кажат. Тоа е причината поради која побарав да бидат отстранети од теренот.“
Резултати
Кливленд Кавалирс - Феникс Санс 115:120
Индијана Пејсерс - Лос Анџелес Лејкерс 116:124 (во продолжение)
Орландо Меџик - Шарлот Хорнетс 99:106
Бостон Селтикс - Бруклин Нетс 104:123
Хјустон Рокетс - Чикаго Булс 118:113
Мемфис Гризлис - Торонто Репторс 113:126
Милвоки Бакс - Детроит Пистонс 114:93
Минесота Тимберволвс - Мајами Хит 113:101
Њу Орлеанс Пеликанс - Вашингтон Визардс 127:102
Оклахома Сити Тандер - Јута Џез 104:110
Сан Антонио Спарс - Атланта Хоукс 106:124
Голден Стејт Вориорс - Филаделфија Севентисиксерс 116:96
Сакраменто Кингс - Портланд Треил Бејзерс 125:121