На палестинските деца им фалат нивните родители за време на празникот Курбан бајрам
- Пред исламскиот празник Курбан бајрам, кој се совпаѓа со годишниот аџилак во Мека, палестинско семејство во Бејт Кахил, северно од Хеброн во Западниот Брег, се потсетува на трагичните настани кои ги доживеало минатата година на истиот ден

РАМАЛА
Пред исламскиот празник Курбан бајрам, кој се совпаѓа со годишниот аџилак во Мека, палестинско семејство во Бејт Кахил, северно од Хеброн во Западниот Брег, се потсетува на трагичните настани кои ги доживеало минатата година на истиот ден, јавува Агенција Анадолија (АА).
Израелската армија упаднала во домот на Ареф Асафрех и ги уапсила неговите тројца синови, ден по прославувањето на празникот.
„Војниците ја опколија мојата куќа, му наредија на семејството да влезе во една просторија и ги испрашуваа моите синови пет часа. Потоа ги зедоа и Касем, неговата сопруга Енас, и двата нивни сина Ахмед и Мохамад заминаа со нив“, рече тој.
Тие исто така го заплениле возилото на Касем.
Подоцна Израелската разузнавачка агенција ги обвинила за убиство на поранешен израелски војник во населбата Гуш Етзион во северниот дел на Хеброн.
Три месеци подоцна, израелските сили се вратија и уништија четири куќи кои припаѓаа на семејството, од кои едната припаѓа на Касем и неговата сопруга. Во текот на изминатата година, нивните деца Мохамед (6) и Абдулрахман (4) чекаат да се вратат нивните родители.
Седејќи на урнатините на неговата куќа заедно со неговиот брат Салех, Асафрех рече дека шокот станува сѐ посилен, особено во посебните денови како што е празникот Курбан бајрам кога децата се сеќаваат и им се потребни нивните родители.
„Им недостига топлината на скутот на нивната мајка. Прашуваат каде се наоѓаат и кога ќе се вратат. Не знаеме што да одговориме“, изјави Калел, братот на Касем.
Aсафрех и неговата сопруга се грижат за седум внуци, чии татковци се во затвори.
„Откако ги уапсија моите синови, окупаторските сили уапсија и тројца мои внуци. Шест мажи во нашето семејство се во затвори“, рече тој.
Асафрех и неговата сопруга биле во можност да ги видат своите синови само еднаш откако биле уапсени. Наместо да ги задржат во еден затвор, тие се сместени во различни затвори низ целата земја.
- Мајката копнее по своите деца
Пред неколку дена, семејството добило писмо од Енас (28), кое таа успеала да го испрати по жена која била ослободена од затворот.
„Ми недостигаат Касем и нашите синови деновиве. Се надевам дека ќе бидам со нив и ќе се подготвиме за Курбан бајрам. Сакав да им дадам убава нова облека“, напиша мајката, приведена во затворот „Дамон“ во близина на Хаифа. Касем се наоѓа во затворот „Ремон“ во пустината Негев на далечниот југ.
Зборувајќи за АА, Мохамед Асафрех, братот на Енас, рече дека неговата сестра страда од многу хронични заболувања, повеќето од нив поради суровото сослушување на кое таа била подложена во центарот за испрашување во Ашкелон.
„Таа страда од постојани главоболки, иритација на дебелото црево и болки во коските како резултат на недостиг на витамини и медицинска помош. Но, таа секогаш се обидува да биде силна и трпелива“, рече Мохамад.
Во своето писмо, Енас побарала од нејзиното семејство да ѝ дозволи да го слушне гласот на нејзините синови за време на празникот.
Откако е забранета средбата со нивните роднини и адвокати во текот на изминатите три месеци поради пандемијата на Ковид-19, палестинска радиостаница преку својата програма „Глас на затворениците“ им помага на затворениците да одржат врска со нивните најблиски, емитувајќи им говорни пораки од нивните семејства.
„Со нетрпение чекам да се одржи вечерниот пренос на радиото, да ги слушнам Мохамед и Абдулрахман“, напиша таа.
Децата кои се сретнале еднаш со нивната мајка зад стаклената табла, биле шокирани кога ја виделе својата мајка за првпат, четири месеци по нејзиното апсење.
„Беше многу тешко кога ги видов како плачат зад стаклената табла, а не можев да ги прегрнам и да ги смирам. Се надевам дека еден ден ќе можам да ги бакнам и да ги гушнам“, рече Енас во нејзиното писмо.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.