Најскап автомобил: Мерцедесовиот олдтајмер продаден за неверојатни 142 милиони долари
- Станува збор за Мерцедес-Бенц 300 СЛР „Уленхаут купе“ од 1955 година, кој беше еден од само двата прототипа што ги произведе тркачкиот оддел на Мерцедес-Бенц

АНКАРА (АА) - Олдтајмерот на Мерцедес-Бенц е продаден за 142 милиони долари, со што стана најскапиот автомобил на светот, известува Агенција Анадолија (АА).
Аукциската куќа „Сотбис“ објави дека возилото е продадено на неименуван колекционер на автомобили на аукција во Германија на 5 мај.
Со оваа продажба урнат е досегашниот рекорд од 48,4 милиони долари, цена за која во 2018 година беше продаден автомобилот Ферати 250ГТО од 1962 година.
Станува збор за Мерцедес-Бенц 300 СЛР „Уленхаут купе“ од 1955 година, кој беше еден од само двата прототипа што ги произведе тркачкиот оддел на Мерцедес-Бенц.
Именувано по својот творец и главен инженер Рудолф Уленхаут, ова возило важи за еден од најубавите автомобили на светот и скапоцен камен на автомобилската историја.
Автомобилот базиран врз успешниот модел В 196 Р Гранд при, кој освои две светски првенства возен од Хуан Мануел Фанхио, легендарниот аргентински возач на тркачки автомобили кој доминираше во првата деценија од трките во Формула 1, освојувајќи 5 титули во текот на 1950-тите години.
300 СЛР има мотор зголемен на 3,0 литри, способен да се движи со брзина од 180 милји (289,7 километри на час), што го прави еден од најбрзите комерцијални автомобили на својата ера.