свет

Најмалку 25 лица загинаа во Нигерија при превртување на патнички брод

- Се преземаат напори за пронаоѓање и спасување на исчезнатите патници, соопшти официјален претставник

Alperen Aktaş  | 27.07.2025 - Обновена : 31.07.2025
Најмалку 25 лица загинаа во Нигерија при превртување на патнички брод

АБУЏА / ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 25 лица загинаа кога патнички брод се преврте во река Нигер, во нигериската сојузна држава Нигер, објавија медиумите денес, известува Анадолу.

Бродот превезувал патници од регионот Муња и потонал во областа Широро. Според првичните извештаи загинале најмалку 25 лица, а десетици се водат за исчезнати.

Властите соопштија дека операциите за пребарување и спасување се во тек, но стравуваат дека бројот на загинати може да се зголеми.

Се преземаат напори за пронаоѓање и спасување на исчезнатите патници, изјави официјален претставник, кој на новинарите не им даде податоци за бројот на патници на бродот.

Несреќите со бродови се честа појава во Нигерија за време на дождовната сезона, особено на реките и езерата што се користат за транспорт.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın