НАТО: Десетици илјади војници на Русија сѐ уште се околу Украина
- Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека Русија од украинската граница и Крим, повлекла група војници, но дека десетици илјади војници се сѐ уште во областа

БРИСЕЛ
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека Русија од украинската граница и Крим, повлекла група војници, но дека десетици илјади војници се сѐ уште во областа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Столтенберг во изјавата дадена при доаѓањето на состанокот на министрите за одбрана на ЕУ што се одржува во Брисел, наведе дека со министрите ќе разговараат за прашања како што се агресивниот став на Русија, Украина и Авганистан.
Потсетувајќи дека Русија стационира сериозен број војници околу Украина во изминатите недели, Столтенберг рече: „Видовме мало намалување на бројот на руски војници, но десетици илјади сѐ уште се таму. Гледаме дека Русија држи голем број парчиња оружје и воена опрема таму.“
Столтенберг, наведувајќи дека Русија вовела одредени ограничувања во Црното Море и дека го ограничува пристапот до Азовското Море преку теснецот Керч, нагласи: „Затоа НАТО мора да биде претпазливо и внимателно да го следи развојот на настаните.“
Столтенберг исто така ја оцени и поканата на САД до Канада и Норвешка, во рамки на вклучувањето на трети земји кои не се членки на ЕУ, во заедничките одбранбени проекти наречени „Постојаната структурирана соработка за безбедност и одбрана на ЕУ (PESCO)“.
Наведувајќи дека го поздравуваат вклучувањето на овие три земји во проектот „Воена мобилност“ во рамките на ПЕСКО, Столтенберг рече дека сојузниците од НАТО кои не се членки на ЕУ, играат важна улога во заштитата и одбраната на Европа.
Осврнувајќи се на вежбата на НАТО „Steadfast Defender 2021“ во Романија, Столтенберг рече дека војниците од земјите што не се членки на ЕУ, како што се Велика Британија, САД и Турција, учествуваа во вежбата за брзо распоредување на трупите на НАТО низ цела Европа.
Проектот на ЕУ „Воена мобилност“ во рамките на ПЕСКО, е дефиниран како стратешка платформа што без грешки ќе обезбеди и брзо испраќање на воен персонал и опрема низ цела ЕУ преку железница, земјен пат, воздух или од море.