МСП ќе даде советодавно мислење за обврските на Израел кон ОН и меѓународните организации
Судот соопшти дека советодавното мислење ќе биде донесено на 22 октомври, за време на јавна седница во Палатата на мирот во Хаг

ЖЕНЕВА (АА) - Меѓународниот суд на правдата (МСП) денес објави дека ќе достави советодавно мислење за обврските на Израел во врска со присуството и активностите на Обединетите нации (ОН), други меѓународни организации и трети држави на окупираната палестинска територија, јавува Анадолу.
Судот соопшти дека советодавното мислење ќе биде донесено на 22 октомври, за време на јавна седница во Палатата на мирот во Хаг.
На седницата, претседателот на МСП, судијата Ивасава Јуџи, ќе го прочита советодавното мислење.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.