свет

Израелските војници извршија рации во домовите на ослободените палестински затвореници на Западниот Брег

- При рациите во домовите на палестинските затвореници кои беа ослободени вчера, војниците ги предупредиле да не „слават ниту да се собираат“.

Gülşen Topçu  | 14.10.2025 - Обновена : 14.10.2025
Израелските војници извршија рации во домовите на ослободените палестински затвореници на Западниот Брег

ИСТАНБУЛ (АА) - Израелските војници вчера извршија рации во домовите на некои ослободени затвореници во Витлеем, на окупираниот Западен Брег, при што еден Палестинец беше ранет со боева муниција, известува Анадолу.

Според палестинската новинска агенција ВАФА, израелските војници извршиле рација во бегалскиот камп Ал-Деишех јужно од Витлеем.

При рациите во домовите на палестинските затвореници Нидал Абу Акр, Раби Ибрахим Раби и Сабир Мохамад Мусалиме, кои беа ослободени вчера, војниците ги предупредиле да не „слават ниту да се собираат“.

Пред да се повлечат од куќите, војниците пукале кон Палестинците неселективно, при што е повредено едно лице. Ранетиот Палестинец бил пренесен во болница.

Израелските војници спровеле рации и во градовите Тубас и Тамун. Воени патроли и пешадиски единици биле распоредени на улиците, а биле извршени и рации во некои куќи.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın