свет

МКС предупредува: Злосторствата на РСФ во Ел-Фашер може да претставуваат воени злосторства

- Канцеларијата на обвинителот на МКС изрази „длабока вознемиреност и најголема загриженост“ поради наводите за „масовни убиства, силувања и други злосторства извршени за време на нападите на РСФ“

Burak Bir  | 03.11.2025 - Обновена : 04.11.2025
МКС предупредува: Злосторствата на РСФ во Ел-Фашер може да претставуваат воени злосторства

ЛОНДОН (АА) – Меѓународниот кривичен суд (МКС) денес изрази загриженост поради најновите извештаи за „масовни убиства, силувања и други злосторства“ извршени од страна на паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) во суданскиот град Ел-Фашер, кој тие го зазедоа на 26 октомври, предупредувајќи дека овие дела може да претставуваат „воени злосторства и злосторства против човештвото“, јавува Анадолу.

Во соопштение, Канцеларијата на обвинителот на МКС изрази „длабока вознемиреност и најголема загриженост“ поради наводите за „масовни убиства, силувања и други злосторства извршени за време на нападите на РСФ“.

„Таквите дела, доколку се потврдат, може да претставуваат воени злосторства и злосторства против човештвото според Римскиот статут“, се наведува во соопштението, во кое се додава дека тие се „дел од поширок образец на насилство што го зафати целиот регион Дарфур од април 2023 година“, кога започна граѓанската војна меѓу суданската Армија и паравоените сили РСФ.

МКС потсети дека има надлежност над злосторствата што се извршуваат во рамките на тековниот конфликт во Дарфур и дека Канцеларијата спроведува истрага за злосторства извршени од почетокот на судирите.

„Во рамките на тековната истрага, Канцеларијата презема итни чекори во врска со наводните злосторства во Ел-Фашер со цел зачувување и собирање на релевантни докази кои ќе бидат употребени во идните судски постапки“, се додава во соопштението.

На 26 октомври, РСФ ја презеде контролата врз градот Ел-Фашер и, според локални и меѓународни организации, изврши масакри врз цивилите, додека набљудувачите предупредуваат дека нападот може дополнително да ја продлабочи географската поделба на Судан.

Од 15 април 2023 година, суданската Армија и паравоените сили РСФ се вклучени во крвав конфликт кој регионалните и меѓународните посредници сè уште не успеале да го стават под контрола. Судирите досега одзедоа илјадници животи и предизвикаа раселување на милиони луѓе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın