свет

Министерот Фидан разговараше со украинскиот колега Сибиха за напорите за прекин на огнот меѓу Украина и Русија

- Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, нагласи дека неговата земја е подготвена да обезбеди секаков вид поддршка, вклучително и медијација и да биде домаќин на преговорите за постигнување мир во Украина.

Muhammet Tarhan  | 14.05.2025 - Обновена : 15.05.2025
Министерот Фидан разговараше со украинскиот колега Сибиха за напорите за прекин на огнот меѓу Украина и Русија

АНТАЛИЈА (АА) - На средбата меѓу министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, и украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, во Анталија се разговараше за напорите за постигнување прекин на огнот и воспоставување траен мир меѓу Украина и Русија, известува Анадолу.

Според информациите добиени од извори од турското Министерството за надворешни работи, министерот Фидан се сретнал со шефот на украинската дипломатија Сибиха во Анталија во рамките на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.

На состанокот двајцата министри разговарале за напорите за постигнување прекин на огнот и воспоставување траен мир меѓу Украина и Русија.

Министерот Фидан истакнал дека Турција е подготвена да обезбеди секаков вид поддршка, вклучително и медијација и да биде домаќин на преговори за постигнување мир во Украина.

На состанокот се разговарало и за подготовките за планираната посета на украинскиот претседател Владимир Зеленски на Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.