Мерц го критикуваше Трамп за привремено укинување на санкциите за нафта врз Русија
Германскиот канцелар Мерц ја нарече одлуката на САД за привремено укинување на санкциите врз руската нафта „погрешна“, нагласи дека ќе продолжи со поддршката за Украина
БЕРЛИН (АА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес упати критики до американскиот претседател Доналд Трамп за привременото укинување на санкциите кон Русија поради зголемувањето на цените на нафтата во услови на конфликтот на Блискиот Исток, јавува Анадолу.
На заедничката прес-конференција со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, Мерц рече дека притисокот врз Русија треба да се засили, а не да се олабави, за да се стави крај на војната во Украина.
„Оваа недела за време на состанокот на Г7 со американскиот претседател разговаравме во врска со прашањето за снабдувањето со нафта и гас од Русија“, рече Мерц, осврнувајќи се на видеоповикот меѓу лидерите на Г7 во средата.
„Постоеше многу јасен консензус меѓу шесте членки на Г7 дека ова не е вистинскиот сигнал што треба да се испрати. Потоа утрово дознавме дека американската администрација очигледно ја донела својата одлука“, продолжи тој.
„Уште еднаш, сметаме дека ова е погрешен потег. Моментално постои проблем со цената, а не со снабдувањето. Во таа смисла, би сакал да знам кои други мотиви ја наведоа американската администрација да ја донесе оваа одлука“, додаде Мерц.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
