свет

Меркел: „Не е постигнат посакуваниот напредок во односите меѓу Европската Унија и Турција“

„За жал, не е постигнат посакуваниот напредок во односите меѓу Европската Унија (ЕУ) и Турција“, рече Меркел во обраќањето во рамките на Претседателството на ЕУ

Cüneyt Karadağ  | 30.11.2020 - Обновена : 01.12.2020
Меркел: „Не е постигнат посакуваниот напредок во односите меѓу Европската Унија и Турција“

БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка, Ангела Меркел, истакна дека не е постигнат посакуваниот напредок во односите меѓу Европската Унија (ЕУ) и Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Меркел, во својот говор во рамките на Претседателството на ЕУ, истакна дека од самитот на ЕУ во октомври има многу потешкотии и пречки во односите со Турција.

„За жал, не е постигнат посакуваниот напредок во односите меѓу Европската Унија (ЕУ) и Турција“, нагласи Меркел.

Наведувајќи дека прашањето за Турција ќе биде на агендата на самитот на ЕУ, што ќе се одржи ​во декември, Меркел рече дека ги очекуваат резултатите од дискусиите.

Меркел, исто така, посочи дека треба да се бараат нови можности во борбата против коронавирусот (Ковид-19).

„Ние со години ќе ги чувствуваме економските последици од епидемијата“, заклучи германската канцеларка.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.