Махмуд Абас со декрет ги одложи палестинските избори закажани за 22 мај
Дискусиите за одложување на изборите започнаа поради одбивањето на Израел да одговори на барањето на палестинските власти за одржување на изборите и во Источен Кудс

РАМАЛА (АА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас издаде декрет за одложување на општите избори во Палестина, кои беа закажани за 22 мај, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Декретот е издаден поради израелското блокирање на изборите во Ал Кудс (Ерусалим) со одлуката донесена на состанокот на палестинските челници одржан во Рамала, јави палестинската новинска агенција ВАФА.
Абас на 29 април, по состанокот во Рамала, изјави дека ако израелските власти не дозволат изборите да се одржат и во окупираниот Источен Ал Кудс (Источен Ерусалим), нема да излезат на парламентарни избори.
Во јануари Абас издаде декрет за одржување на парламентарни избори на 22 мај, претседателски избори на 31 јули и избори за Националниот совет на 31 август.
Последните парламентарни избори, на кои Хамас освои мнозинство, се одржаа во 2006 година.
Дискусиите за одложување на изборите започнаа поради одбивањето на Израел да одговори на барањето на палестинските власти за одржување на изборите и во Источен Кудс.