Масовни протести во Јемен поради израелското бомбардирање на Газа
- На демонстрациите, одржани по петочната молитва, беа упатени пораки за солидарност со народот на Газа и широка осуда на бомбардирањата и воените политики на Израел

СКОПЈЕ (АА) - Илјадници луѓе денес се собраа на плоштадот Сабин во главниот град на Јемен, Сана, за да протестираат против континуираните воени операции на Израел во Појасот Газа, јавува Анадолу.
На демонстрациите, одржани по петочната молитва, беа упатени пораки за солидарност со народот на Газа и широка осуда на бомбардирањата и воените политики на Израел.
Демонстрантите носеа транспаренти и извикуваа слогани со кои ги осудуваат израелските дејствија.
Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија спроведува геноцидна војна во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година, во којашто досега се убиени речиси 57.800 Палестинци, повеќето од нив жени и деца. Немилосрдното бомбардирање ја уништи енклавата и доведе до недостиг на храна и ширење на болести.
Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејствија во енклавата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.