свет

Лекар и уште две лица заразени од „Ковид-19“ во Иран

Досега во Иран новиот тип на коронавирус, „Ковид-19“, e регистриран кај 5 лица

Ahmet Dursun  | 20.02.2020 - Обновена : 21.02.2020
Лекар и уште две лица заразени од „Ковид-19“ во Иран Фото: Илустрација

АНКАРА (АА) - Откако две лица во иранскиот град Кум починаа од новиот тип коронавирус „Ковид-19“, овој смртоносен вирус е откриен уште кај три лица, од кои и кај еден лекар, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Кијануш Џиханпур, лицето одговорно за односи со јавноста при Министерството за здравство на Иран, за медиумите изјави дека две лица во градот Кум и едно во градот Арак, од кои едно лице е државјанин на Иран, кај кои е откриен коронавирусот се ставени под лекарски надзор.

„Кај трите лица што се наоѓаат под медицински третман, откриен е вирусот „Ковид-19“. Со последните регистрирани случаи, бројот на заразени лица со коронавирусот се искачи на 5“, изјави Џиханпур.

Тој информираше дека носителот на вирусот во градот Арак е лекар кој дошол од градот Кум, додавајќи дека во карантин се ставени пациентите со кои бил во контакт заболениот доктор.

- Два смртни случаи од коронавирусот во Иран -

Вчера за првпат во Иран се регистрирани случаи на „Ковид-19“. Кијануш Џиханпур информираше дека двете лица, кои се пожалиле на проблеми со респираторниот систем и на недостаток на воздух, по што им бил дијагностициран коронавирусот, починале.

Иранската државна телевизија објави дека починатите се ирански државјани од градот Кум кои немаат патувано во Кина.

Новиот тип коронавирус за првпат е забележан на 12 декември во кинескиот град Вухан. Комисијата за здравство на Вухан на 31 декември го затвори пазарот за морска храна „Хуанан“ под образложение дека кај 27 лица што биле во контакт со тоа место е забележана „мистериозна болест“. Светската здравствена организација (СЗО) прогласи состојба на глобална опасност. Досега на светско ниво се регистрирани 75.700 случаи на заразени со овој вирус, а досега починаа 2.128 лица.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın