свет

Конвојот на отпорот од Магреб во обид да ја пробие израелската блокада пристигна во Либија

Aida Cako  | 11.06.2025 - Обновена : 12.06.2025
Конвојот на отпорот од Магреб во обид да ја пробие израелската блокада пристигна во Либија

ЗАВИЈА

ЗАВИЈА (АА) - Конвојот на отпорот од Магреб, кој превезува стотици активисти со цел да ја пробие блокадата на Газа, пристигна во либискиот град Завија вчера, што е нивната прва станица во Либија, јавува Анадолу.

Конвојот, составен од активисти од Алжир, Тунис, Мароко и Мавританија, планира да продолжи кон градот Мисрата, нивната следна дестинација во Либија, по заминувањето од Завија.

Со 12 автобуси и 100 приватни возила, повеќе од 1.000 активисти од северноафриканските земји тргнаа во понеделникот од главниот град на Тунис, на пат кон територијата на Газа, која е под опсада.

Дополнително, бројни активисти од други земји треба да се приклучат на конвојот во Каиро, каде што ќе пристигнат преку копно и по воздушен пат.

Планот на активистите е да ја преминат границата од Либија во Египет до четврток, по што ќе се упатат кон градот Рафа, кој се наоѓа во близина на границата со Газа.

Конвојот тргна само еден ден по инцидентот во кој Израел го пресретна хуманитарниот брод под британско знаме „Мадлин“, кој се движеше кон Газа, и ги приведе 12-те странски активисти на бродот.

Од почетокот на март Израел ги држи затворени сите гранични премини кон Газа, со што целосно го прекина доставувањето хуманитарна помош, вклучително храна, лекови и гориво, за 2,4 милиони жители на енклавата.

Израел, отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, спроведува катастрофална офанзива во Газа од октомври 2023 година, при што се убиени речиси 55.000 Палестинци, повеќето жени и деца.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın