свет

Кина: Во експлозија во термоелектрана загинаа шест работници

Инцидентот се случил во градот Чузоу во покраината Анхуи, додека работниците заварувале врв на резервоар

Riyaz Ul Khaliq   | 07.04.2021
Кина: Во експлозија во термоелектрана загинаа шест работници

ПЕКИНГ (АА) - Шестмина работници загинаа при експлозија во термоелектрана на источниот дел на Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Инцидентот се случил во градот Чузоу во покраината Анхуи, додека работниците заварувале врв на резервоар, пренесе Кинеската глобална телевизиска мрежа „CGTN“.

Работници паднале од резервоарот поради силната експлозија. Едно лице починало веднаш на местото на настанот, а преостанатите пет со тешки повреди биле превезени во болницата, каде им подлегнале на повредите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın