свет

И покрај повикот на Трамп „веднаш запрате ги нападите“, Израел продолжува со бомбардирањето на Газа

- Израелски воени авиони ги таргетираа Газа и Хан Јунис во текот на целата ноќ, убивајќи 8 Палестинци, вклучувајќи и деца.

Mehmet Nuri Uçar, Ramzi Mahmud  | 04.10.2025 - Обновена : 04.10.2025
И покрај повикот на Трамп „веднаш запрате ги нападите“, Израел продолжува со бомбардирањето на Газа

ГАЗА (АА) - Израел ги продолжи нападите во текот на целата ноќ и покрај повикот на американскиот претседател Доналд Трамп „веднаш запрете ги нападите врз Газа“, известува Анадолу.

Според палестински медицински извори и очевидци, израелската армија продолжила со интензивно воздушно и артилериско бомбардирање на различни делови на Појасот Газа од вечерните часови.

Израелски воени авиони таргетираа две куќи во градот Газа и бегалскиот камп Нусајрат во централниот дел. Истовремено, интензивни воздушни и артилериски напади беа извршени и во Газа и Хан Јунис.

Очевидци изјавија дека Израел во текот на ноќта дигнал во воздух бројни згради во различни делови од градот Газа со роботи натоварени со експлозив, управувани од далечина.

Осум Палестинци, меѓу кои и две деца, се убиени, а голем број се повредени во нападите на израелската армија.


- Пораката на Трамп ‘веднаш запрете ги нападите’

Претседателот на САД, Доналд Трамп, им се заблагодари на Турција, Катар и другите земји што придонесоа за процесот на прекин на огнот во Газа и сподели видео порака на социјалните мрежи во врска со планот за прекин на огнот во Газа.

Во својата порака, Трамп го нагласи своето верување дека Хамас сака траен мир и дека Израел мора веднаш да престане со бомбардирањето на Газа за да ги ослободи затворениците, а исто така, даде оценка и за одговорот на Хамас.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın