свет

Иран: 94 амбулантни возила и 17 центри за помош беа цел на американско-израелските напади

Пирхосеин Коливанд, претседател на организацијата, изјави дека нападите биле насочени и кон три спасувачки хеликоптери и други спасувачки возила од почетокот на војната на 28 февруари

Lina Altawell  | 24.03.2026 - Обновена : 24.03.2026
Иран: 94 амбулантни возила и 17 центри за помош беа цел на американско-израелските напади

ИСТАНБУЛ (АА) – Иранскaта Црвена полумесечина денес соопшти дека 94 амбулантни возила и 17 нејзини центри биле директна цел на американско-израелските воздушни напади од крајот на минатиот месец, пренесува Анадолу.

Пирхосеин Коливанд, претседател на организацијата, изјави дека нападите биле насочени и кон три спасувачки хеликоптери и други спасувачки возила од почетокот на војната на 28 февруари, објави новинската агенција „Тесним“.

САД и Израел започнаа заедничка офанзива во Иран на 28 февруари, во која досега загинаа над 1.340 луѓе, меѓу кои и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.

Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски воени бази, предизвикувајќи жртви и штета на инфраструктурата, истовремено нарушувајќи ги глобалните пазари и авиосообраќајот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.