свет

Иран ќе и овозможи на Русија да го користи неговиот воздушен простор

- Генералниот секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Семхани изјави дека Иран доколку е потребно, може да дозволи употребата на неговиот воздушен простор од страна на руските воени авиони

Ahmet Dursun  | 11.02.2017 - Обновена : 12.02.2017
Иран ќе и овозможи на Русија да го користи неговиот воздушен простор

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Генералниот секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Семхани изјави дека Иран доколку е потребно, може да дозволи употребата на неговиот воздушен простор од страна на руските воени авиони, јавува Anadolu Agency (AA).

Како што јавува иранската новинска агенција Мехр, Семхани порача дека неговата земја е подготвена за секаква соработка со Русија, кога станува збор за Сирија.

Генералниот секретар на Врховен совет за национална безбедност, Али Семхани изјави дека односите меѓу Техеран и Москва се „во потполност стратешки."

„Иран и Русија продолжуваат да се борат против тероризмот во Сирија. Доколку е потребно, Иран може да им дозволи на руските авиони да го користат иранскиот воздушен простор за поддршка на копнените операции во Сирија", рече Семхани.

Техеран претходно на 7.октомври 2015 година, на Русија и дозволи да го користи иранскиот воздушен простор за време на воздушните напади во Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.