свет

Индонезискиот вулкан Мерапи продолжува да исфрла лава

- Вулканот Мерапи еруптираше на 11 март, а Индонезиската државна агенција за справување со катастрофи издаде предупредување до граѓаните да ги запрат сите активности во опасните зони

Gorana Jakovljevic  | 26.03.2023 - Обновена : 27.03.2023
Индонезискиот вулкан Мерапи продолжува да исфрла лава Фото: Дасрил Розанди / АА

ЈОГЈАКАРТА (АА) - Мерапи, најактивниот вулкан во Индонезија, продолжи да исфрла лава која тече неколку километри, известува Анадолу.

Вулканот Мерапи еруптираше на 11 март, а Индонезиската државна агенција за справување со катастрофи издаде предупредување до граѓаните да ги запрат сите активности во опасните зони, во радиус од 3 до 7 километри од кратерот.

Околу вулканската планина висока 2.968 метри живеат околу 250.000 луѓе.

Вулканот се наоѓа на густо населениот остров Јава во близина на древниот град Јогјакарта. Мерапи е најактивниот меѓу десетината индонезиски вулкани и во последно време повеќепати еруптираше.

Во ерупцијата на Мерапи во 2010 година животот го загубија 347 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.