Илјадници во Амстердам излегоа на протест против војната во Газа и нападите врз новинарите
Демонстрантите поминаа низ плоштадот Дам и центарот на градот, а некои од нив беа приведени од полицијата

СКОПЈЕ (АА) - Илјадници луѓе маршираа во Амстердам, Холандија, на демонстрации во поддршка на Палестинците, повикувајќи на крај на војната во Газа и нападите врз новинарите, јавува Анадолу.
Демонстрантите помина низ плоштадот Дам и центарот на градот, а некои демонстранти беа приведени од полицијата.
Минатата недела, дописниците на Ал Џезира Арабик од Газа, Анас ал-Шариф, Мухамед Краикеа и уште тројца други беа убиени во израелски напад врз новинарски шатор во близина на болницата Ал-Шифа во градот Газа.
Израел уби речиси 61.900 Палестинци во Газа од октомври 2023 година. Воената кампања ја опустоши енклавата и ја доведе до работ на глад.
Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.