свет

Илон Маск: Околу 100 сателити „Старлинк“ обезбедуваат интернет во Иран

- Главниот извршен директор на „Спејс икс“ и Твитер, Илон Маск, изјави дека околу 100 сателити „Старлинк“ обезбедуваат интернет во Иран

Nuri Aydın  | 27.12.2022 - Обновена : 02.01.2023
Илон Маск: Околу 100 сателити „Старлинк“ обезбедуваат интернет во Иран

АНКАРА (АА) - Главниот извршен директор на „Спејс икс“ и Твитер, Илон Маск, изјави дека околу 100 сателити „Старлинк“ обезбедуваат интернет во Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Маск на Твитер објави соопштение во врска со состојбата на сателитите „Старлинк“ во Иран.

Тој нагласи дека сателитите „Старлинк“ дизајнирани да обезбедат сателитски пристап до интернет, се активни во Иран и нивниот број се приближува до 100.

Во претходна објава, Маск истакна дека ќе ги пушти во употреба сателитите „Старлинк“ за да им овозможи на демонстрантите да комуницираат во Иран, каде продолжуваат протестите.


- Што е „Старлинк“?

„Старлинк“ е вселенски систем на кој „Спејс икс“ работи со години за да го олесни пристапот до интернет на места без интернет услуга.

Повеќе од 3.200 сателити „Старлинк“ на компанијата „Спејс икс“ на Маск, во орбитата обезбедуваат брз широкопојасен интернет до најоддалечените делови на светот.

„Спејс икс“ планира да создаде мрежа од 12.000 сателити во орбитата на Земјата со сателитите „Старлинк“. Предвидено е проектот да биде завршен во 2027 година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın