свет

Израел уби уште еден палестински новинар во Газа, вкупниот број се искачи на 229

- Ахмед ебу-Аиша го загуби животот откако беше директно погоден од израелски дрон пред неговиот дом во областа Саварха, западно од бегалскиот камп Нусеират во централна Газа

Rania R.a. Abushamala  | 10.07.2025 - Обновена : 11.07.2025
Израел уби уште еден палестински новинар во Газа, вкупниот број се искачи на 229

ИСТАНБУЛ (АА) – Уште еден палестински новинар е убиен од израелската Армија во Газа, со што вкупниот број убиени новинари од октомври 2023 година се искачи на 229, соопштија денес локалните власти, јавува Анадолу.

Ахмед ебу-Аиша го загуби животот откако беше директно погоден од израелски дрон пред неговиот дом во областа Саварха, западно од бегалскиот камп Нусеират во централна Газа, соопшти владината канцеларија за медиуми.

Канцеларијата го осуди „систематското убивање на палестинските новинари во Газа од страна на Израел“ и ги повика институциите за човекови права и медиумите да ги „осудат овие систематски злосторства против новинарите во Газа“.

Отфрлајќи ги повиците за прекин на огнот, израелската Армија продолжи со бруталната офанзива врз Појасот Газа што ја започна на 7 октомври 2023 година, во којашто досега се убиени речиси 56.800 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.

Меѓународниот кривичен суд, минатиот ноември, издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради своите воени дејства против енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın