свет

Во израелските напади врз станбени и планински подрачја во јужен Либан загина едно лице

- Воените авиони бомбардираа шуми во Али ал-Тахер и висорамнините Кфар Тебнит и Набатије ал-Фука, користејќи ракети што предизвикуваат масивни експлозии кои се слушнаа низ целиот регион

Ikrame Imane Kouachi  | 27.06.2025 - Обновена : 27.06.2025
Во израелските напади врз станбени и планински подрачја во јужен Либан загина едно лице

АНКАРА (АА) - Израелската Армија денес започна опсежни и интензивни воздушни напади врз повеќе локации во јужен Либан, меѓу кои и пошумени висорамнини и станбена област, во коишто загина една жена, а 15 лица се повредени, соопштија либанските власти, јавува Анадолу.

Воените авиони бомбардираа шуми во Али ал-Тахер и висорамнините Кфар Тебнит и Набатије ал-Фука, користејќи ракети што предизвикуваат масивни експлозии кои се слушнаа низ целиот регион, објави либанската Национална новинска агенција ННА.

За помалку од 10 минути, израелските авиони го повторија бомбардирањето на истите области.

Центарот за итни операции на Министерството за здравство соопшти дека во израелски напад врз стан во градот Набатије загинала една жена, а 11 лица биле повредени.

Четворица други цивили се повредени во претходните израелски воздушни напади на југот, со што вкупниот број повредени достигна 15.

Израелската Армија во соопштение тврди дека извршила воздушен напад врз локација на Хезболах на планината Шкиф во јужен Либан.

Според Армијата, нападот бил насочен кон местото со образложение за спречување на неговото обновување.

Либанската група Хезболах не објави непосреден одговор на тврдењата на израелската Армија.​​​​​​​

Израел започна опсежен напад врз Либан на 8 октомври 2023 година, кој ескалираше во целосна војна до 23 септември 2024 година. Според официјалните податоци, во конфликтот загинаа над 4.000 луѓе, ранети се над 17.000 и раселени се речиси 1,4 милиони.

Израелските сили спроведуваат речиси секојдневни напади во јужен Либан, тврдејќи дека ги целат активностите на либанската група Хезболах и покрај прекинот на огнот меѓу Израел и Либан што беше постигнат минатиот ноември. Прекинот на огнот стави крај на месеците прекугранична војна меѓу Израел и Хезболах, која ескалираше во целосен конфликт во септември.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın