свет

Израел во Газа уби 67.074 Палестинци, од кои 66 во последните 24 часа

- Министерството за здравство во Газа објави писмено соопштение во кое детално информира за убиените и повредите Палестинци во тековните напади на Израел.

Ali Semerci  | 04.10.2025 - Обновена : 04.10.2025
Израел во Газа уби 67.074 Палестинци, од кои 66 во последните 24 часа

ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на убиени Палестинци во нападите на израелската армија врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година досега се зголеми за 66 во последните 24 часа, достигнувајќи 67.074, известува Анадолу.

Министерството за здравство во Газа објави писмено соопштение во кое детално информира за убиените и повредите Палестинци во тековните напади на Израел.

Во соопштението се наведува дека во болниците во Појасот Газа во последните 24 часа се донесени 66 убиени и 265 повредени Палестинци.

Од 18 март, кога беше прекршен договорениот прекин на огнот воспоставен на 19 јануари, досега се убиени 13.486 Палестинци, а 57.389 се повредени во нападите на израелската армија врз Појасот Газа.

Бројот на убиени лица во систематски напади насочени врз Палестинците на таканаречените точки за дистрибуција на помош, управувани од Израел и САД, од 27 мај се зголеми на 2.603, а бројот на повредени достигна 19.094.

Во нападите на Израел врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година досега се зголеми на 67.074, а бројот на повредени достигна 169.430.

Во соопштението на Министерството за здравство на Газа информираше дека дополнителни 720 лица се додадени на вкупниот број на смртни случаи по евалуацијата и верификацијата на досиејата и извештаите за исчезнати лица од страна на Институтот за судска медицина.


- 2 деца починаа од глад

Министерството, исто така, објави дека две деца починале од глад и неисхранетост во последните 24 часа.

Во соопштението се додава дека вкупниот број на смртни случаи поради неисхранетост се зголеми на 459, од кои 154 се деца.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın