Израелски војници ги спречуваат Палестинците во бербата на маслинки
Според информациите добиени од очевидците, се наведува дека израелски војници спречиле палестински земјоделци да стигнат до маслиновите градини во местото Бурка на истокот на Западниот Брег, со образложение дека градините се затворени

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелски војници ги спречија Палестинците во бербата на нивните маслинки со образложение дека маслиновите градини во окупираното место Бурка на Западниот Брег се затворени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од очевидците, се наведува дека израелски војници спречиле палестински земјоделци да стигнат до маслиновите градини во местото Бурка на истокот на Западниот Брег, со образложение дека градините се затворени.
Очевидците нагласија дека имало судир меѓу израелските војници и палестинските земјоделци, и дека војниците користеле солзавец и пластични куршуми за да ја растераат групата.
Тие исто така наведоа дека и еврејските доселеници кои биле под заштита на израелските војници, ги напаѓале Палестинците.
Палестинските активисти претходно повикаа земјоделците да дадат поддршка за бербата на маслинки во местото Бурка.
Еврејски доселеници на 12 и 13 октомври нападнаа палестински земјоделци кои собираа маслинки во Бурка, при што беа повредени 7 лица.
На Западниот Брег има повеќе од 250 илегални еврејски населби, кои Израел ги окупира во 1967 година. Повеќе од 400.000 еврејски доселеници кои живеат на овие места им го отежнуваат животот на Палестинците кои живеат под окупација на Западниот Брег.
Според меѓународното право, сите еврејски населби лоцирани на окупираните територии се сметаат за нелегални.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.