свет

Израелскиот министер за одбрана го одобри планот за окупација на градот Газа

Кац го нарекол планот „Кочиите на Гидеон Б“, по операцијата „Кочиите на Гидеон“, копнената офанзива што беше започната во мај за проширување на окупацијата на енклавата...

Betül Yılmaz  | 20.08.2025 - Обновена : 21.08.2025
Израелскиот министер за одбрана го одобри планот за окупација на градот Газа

ИСТАНБУЛ (АА) - Израелскиот министер за одбрана Израел Кац го одобри планот за окупација на градот Газа, објавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Јавниот сервис КАН јави дека Кац го нарекол планот „Кочиите на Гидеон Б“, по операцијата „Кочиите на Гидеон“, копнената офанзива што беше започната во мај за проширување на окупацијата на енклавата и целосна евакуација на Палестинците од северна Газа.

„Како дел од планот, ќе бидат издадени потребните наредби за повикување на резервниот состав за извршување на нападот“, соопшти КАН, без да го прецизира потребниот број војници.

Според „Канал 12“, израелската Армија веќе издала наредби за итна регрутација, познати како „Наредба 8“, и се очекува десетици илјади војници од резервниот состав да бидат повикани во наредните денови.

Вчера, началникот на Генералштабот на Израел, Ејал Замир, ги изложи фазите од планот за окупација, вклучително и зајакнување на израелските сили во северна Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.