Земјотрес со магнитуда од 7,4 степени го погоди далечниот исток на Русија
Американскиот центар за предупредување од цунами за Пацификот соопшти дека се можни „опасни“ бранови по должината на бреговите во радиус од 300 километри од епицентарот.

ИСТАНБУЛ (АА) - Земјотрес со магнитуда од 7,4 степени го погоди рускиот далечен исток утрово во 6:37 часот по локално време, според Геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу.
Тој објави дека епицентарот на потресот бил недалеку од брегот на градот Петропавловск-Камчатски, административен центар на Камчатскиот крај, Русија, на длабочина од 39,5 километри.
Американскиот центар за предупредување од цунами за Пацификот соопшти дека се можни „опасни“ бранови по должината на бреговите во радиус од 300 километри од епицентарот.
Во Петропавловск-Камчатски се наоѓа подморничката база „Рибачиј“ на руската морнарица и воздухопловната база „Елизово“ на воздухопловните сили.
Нема извештаи за жртви или причинета материјална штета.
Руските власти издадоа предупредување за цунами по должината на брегот на Камчатка, ставајќи ги службите во состојба на висока готовност и апелирајќи до жителите да се држат подалеку од областите изложени на цунами, како што се плажите.
На 30 јули се случи најсилниот земјотрес регистриран досега со магнитуда од 8,8 степени на полуостровот, а руските научници регистрираа повеќе од 100 последователни потреси со магнитуда над 5 степени по примарниот потрес.