свет

Зеленски ги наведе Турција, Австрија и Швајцарија како можни места за средба со Путин

„Сметаме дека е фер, а Европејците го нагласија тоа, средбата да се одржи во неутрална Европа. Бидејќи има војна во Украина и на европскиот континент...“

Burç Eruygur  | 21.08.2025 - Обновена : 21.08.2025
Зеленски ги наведе Турција, Австрија и Швајцарија како можни места за средба со Путин

ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес ги наведе Турција, Австрија и Швајцарија како можни места за тет-а-тет средба со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Анадолу.

„Сметаме дека е фер, а Европејците го нагласија тоа, средбата да се одржи во неутрална Европа. Бидејќи има војна во Украина и на европскиот континент. Реков дека се согласуваме. Швајцарија, Австрија - се согласуваме“, истакнал Зеленски за време на разговорот со новинарите вчера, според новинската агенција Интерфакс-Украина.

Зеленски, исто така, ја спомена и Турција како потенцијално место за преговорите, наведувајќи дека таа е НАТО земја и „дел од Европа“.

Тој посочи дека средбата „без никакви посебни услови, исто така, е проактивна акција од украинската страна“, отфрлајќи ја Москва како можно место за средба, а за Будимпешта рече дека „денес е предизвикувачка“ поради ставот на Унгарија за војната.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.