свет

Грција ја исклучи можноста за праќање мировни трупи во Украина

„Мора да се нагласи потребата од итен прекин на огнот, а позитивно е и тоа што и САД и европските држави се подготвени да учествуваат во обезбедувањето безбедносни гаранции за Украина“

Ahmet Gençtürk  | 20.08.2025 - Обновена : 20.08.2025
 Грција ја исклучи можноста за праќање мировни трупи во Украина

АТИНА (АА) – Грција денес ја исклучи можноста за праќање мировни трупи во Украина во рамките на безбедносните гаранции што се разгледуваат како дел од потенцијален мировен договор со Русија, пренесува Анадолу.

Во интервју за телевизијата СКАЈ, портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис, рече дека Атина позитивно гледа на интензивирањето на дипломатскиот процес за завршување на војната во Украина.

„Мора да се нагласи потребата од итен прекин на огнот, а позитивно е и тоа што и САД и европските држави се подготвени да учествуваат во обезбедувањето безбедносни гаранции за Украина,“ истакна тој.

„Во секој случај, Грција е земја што го почитува меѓународното право и никогаш нема да го намали својот став кога станува збор за неповредливоста на границите“, додаде Маринакис.

Во однос на можниот грчки придонес кон безбедносните гаранции за Украина, тој појасни: „Во моментов нема перспектива за праќање грчки војници во Украина ниту, пак, постои таков план во иднина. Во секој случај, прерано е да се зборува за нешто такво.“

Мировните напори за прекин на војната во Украина добија замав по минатонеделната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во американската држава Алјаска, како и по продолжението на разговорите во понеделникот во Вашингтон меѓу Трамп, украинскиот претседател Владимир Зеленски и европските лидери.

Главни спорни точки, според дипломатски извори, се можната размена на територии и безбедносните гаранции за Украина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın