Запрен процесот на ставањето на мексиканските наркокартели на листата на терористички организации
„Сè е подготвено за тој потег. Меѓутоа, привремено го запираме тој процес на барање на мексиканскиот претседател Андреас Мануел Лопез, кој многу го сакам и почитувам и кој многу добро соработува со нас“, порача Трамп

ВАШИНГТОН (AA) – Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, го запре процесот на ставање на мексиканските наркокартели на листата на терористички организации, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трамп на Твитер соопшти дека сите подготвителни процедури за ставање на мексиканските картели на листата на терористички организации се завршени и дека сè е спремно за тој процес.
„Меѓутоа, привремено го запираме тој процес на барање на мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез, кој многу го сакам и почитувам и кој многу добро соработува со нас. Заеднички ќе се трудиме да најдеме решение за тие агресивни и постојано растечки организации“, порача Трамп.
Трамп минатиот месец во интервју со новинарот Било O'Рели најави дека мексиканските наркокартели ќе се најдат на листата на терористички организации и дека веќе три месеци американската администрација работи на тоа.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.