свет

Трамп: Разочаран сум, но не и готов со Путин

На прашањето дали му верува на Путин, Трамп одговори: „Речиси никому не му верувам.“

Diyar Güldoğan  | 15.07.2025 - Обновена : 16.07.2025
Трамп: Разочаран сум, но не и готов со Путин

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „разочаран, но не и готов“ со рускиот претседател Владимир Путин, јави Би-би-си утринава, пренесува Анадолу.

„Разочаран сум, но не сум готов со него. Но, да, разочаран сум“, изјави Трамп во ексклузивен телефонски разговор со Би-би-си, на прашањето дали целосно се откажал од Путин.

На дополнително прашање дали му верува на Путин, Трамп одговори: „Речиси никому не му верувам.“

Интервјуто следуваше откако Трамп вчера објави построг став кон Русија поради војната во Украина, најавувајќи нова пратка ракети и напредно оружје за Киев и поставувајќи 50-дневен рок Москва да се согласи со прекин на огнот или да се соочи со „многу сериозни“ секундарни царини.

Според веста, Трамп рекол дека во четири наврати мислел оти бил можен договор со Русија.

Претседателот рече дека САД „работат“ за да се стави крај на тековната војна во Украина.

„Ќе имаме одличен разговор. Ќе си речам: ‘Добро, мислам дека сме блиску до договор’, а потоа тој ќе урне зграда во Киев“, изјави Трамп, јави Би-би-си.

На прашањето дали сè уште мисли дека НАТО е „застарен“, Трамп одговори: „Не. Мислам дека НАТО сега станува спротивното од тоа“ бидејќи, според него, сојузниците конечно почнале „да си ги плаќаат сметките“.

Трамп додаде дека сè уште верува во колективната одбрана бидејќи таа им овозможува на помалите земји да се заштитат од помоќните противници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.