свет

Жителите на Газа пред дистрибутивните центри чекаат топол оброк, по 81-дневната блокада на помошта

Сепак, многу Палестинци останаа без храна бидејќи ограничената хуманитарна помош што влегува во енклавата не ги задоволува растечките потреби

Elena Trenchevska Chekovic  | 23.05.2025 - Обновена : 26.05.2025
Жителите на Газа пред дистрибутивните центри чекаат топол оброк, по 81-дневната блокада на помошта

СКОПЈЕ (АА) - Палестинците во градот Газа брзаат да добијат топол оброк дистрибуиран од добротворни организации, по пристигнувањето на хуманитарната помош која беше блокирана од страна на Израел 81 ден, јавува Анадолу.

Сепак, многу Палестинци останаа без храна бидејќи ограничената хуманитарна помош што влегува во енклавата не ги задоволува растечките потреби.

Речиси 90 камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа, што е прва таква испорака за речиси три месеци откако Израел ги затвори граничните премини, објави вчера Владината канцеларија за медиуми.

Појасот Газа има потреба од минимум 500 камиони дневно што носат итна помош, медицинска и помош во храна, како и најмалку 50 камиони во услови на влошување на гладот ​​предизвикан од затворањето на граничните премини од страна на Израел повеќе од два месеци, соопшти Канцеларијата за медиуми.

Од 2 март, Израел одржува строга блокада на Газа, недозволувајќи влез на хуманитарна помош и туркајќи ја енклавата во глад, кој веќе одзеде голем број животи. Според извештаите, само на 87 камиони со помош им е дозволен влез – кои покриваат многу мал дел од потребите, а голем дел од помошта е блокирана на граничните премини.

Израел одржува блокада на Газа 18 години, оставајќи приближно 1,5 милиони од 2,4 милиони Палестинци на територијата без покрив над главата откако нивните домови се уништени во тековната геноцидна војна на Израел.

Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија спроведува брутална офанзива во Газа од октомври 2023 година, во којашто се убиени над 53.700 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.