свет

ЕУ ја објави официјалната одлука за започнување преговори со Северна Македонија и Албанија

Во декларацијата објавена од Европскиот совет, се наведува дека Северна Македонија покажала решеност да ги спроведе ЕУ реформите

Yusuf Hatip  | 25.03.2020 - Обновена : 26.03.2020
ЕУ ја објави официјалната одлука за започнување преговори со Северна Македонија и Албанија

БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) ја објави својата официјална одлука за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во декларацијата објавена од Европскиот совет, се наведува дека Северна Македонија покажала решеност да ги спроведе ЕУ реформите.

„Со оглед на постигнатиот напредок, членките на ЕУ решија да започнат преговори за членство со Северна Македонија“, се нагласува во декларацијата од Европскиот совет.

Во декларацијата исто така се истакнува дека посветеноста на Албанија за спроведување на програмата за реформи во ЕУ е прифатена со задоволство, и дека едногласно е одлучено да се започнат пристапните преговори за членство во ЕУ.

Министрите на земјите членки на ЕУ на вчерашниот Совет за општи работи се согласија да започнат преговори за членство со овие две земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.