свет

ЕУ се согласи на 90-дневна пауза на контрамерките против американските царини

Necva Taştan Sevinç  | 10.04.2025 - Обновена : 10.04.2025
ЕУ се согласи на 90-дневна пауза на контрамерките против американските царини

Istanbul

Eвропската Унија денес се согласи да воведе 90-дневна пауза на планираните контрамерки како одговор на американските царини, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави пауза во примената на царините, со цел да се овозможи простор за преговори, јавува Анадолу.

„Ја забележавме објавата на претседателот Трамп. Сакаме да им дадеме шанса на преговорите“, соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, преку социјалната мрежа Х.

Фон дер Лајен потврди дека ЕУ веќе ги усвоила контрамерките со „силна поддршка“ од земјите членки, но нивната примена ќе биде одложена за три месеци.

„Ако преговорите не бидат задоволителни, контрамерките ќе стапат во сила“, предупреди таа, додавајќи дека Европската комисија продолжува со подготовки за можни дополнителни чекори.

„Како што кажав и претходно – сите опции остануваат на маса“, изјави Фон дер Лајен.

Одлуката следуваше по објавата на претседателот Трамп вчера, кој најави 90-дневна пауза на царините за многу земји низ светот. Мерката не се однесува на Кина, за која царинската стапка е зголемена на 125 отсто.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.