свет

ЕУ предложи нови правила за политичките реклами на социјалните медиуми

- „Изборите не смеат да бидат натпревар на неразбирливи и нетранспарентни методи. Луѓето мора да знаат зошто гледаат реклама, кој платил за неа, колку, кои критериуми за микротаргетирање се користени“

Ekip   | 25.11.2021
ЕУ предложи нови правила за политичките реклами на социјалните медиуми

БРИСЕЛ 

Европската комисија предложи нови правила за политички реклами и транспарентност, барајќи од технолошките компании да го откријат спонзорот и сумата потрошена за кампањи, како и критериумите за таргетирање на интернет, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Овие мерки се со цел да ја зајакнат транспарентноста на политичките реклами за да се заштити демократијата и приватноста на европските граѓани.

Предложената регулатива ќе бара јасно означување на политичките реклами и покажување на спонзорот на кампањата, сумата што ја платил за неа и изворот на тие средства.

Онлајн рекламите на Фејсбук и на други платформи, вклучително и многу други финансирани од руската Влада, предизвикаа критики поради наводи за скриени дезинформации со цел да ги поттикнат тензиите и да ги поколебаат гласачите.

Нацрт-предлогот на Комисијата ќе постави правила за сите видови политички реклами, но неговиот главен фокус е на технолошките гиганти и кампањите на социјалните мрежи, бидејќи ќе наметне строги услови за транспарентност на онлајн кампањи кои таргетираат.

Со нацрт-предлогот се забранува и зајакнување на техниките за политички реклами засновани на чувствителни податоци како што се етничка припадност, сексуална ориентација или религија без јасна согласност на корисникот.

Исто така, ќе бара рекламите да ги прикажуваат критериумите по кои е избрана публиката и групите кои биле таргетирани.

„Изборите не смеат да бидат натпревар на неразбирливи и нетранспарентни методи. Луѓето мора да знаат зошто гледаат реклама, кој платил за неа, колку, кои критериуми за микротаргетирање се користени“, изјави Вера Јоурова, еврокомесарка за вредности и транспарентност.

Доколку не се усогласат, Европската комисија ќе има мандат да ги казни вклучените технолошки компании и платформи за рекламирање.

Предлогот допрва треба да биде усвоен од Европскиот парламент или од Советот на ЕУ кој ги претставува земјите членки на ЕУ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.