свет

ЕУ подготвена да ја поврзе Украина на својата електроенергетска мрежа

„Украина нема повторно да ја приклучи својата [електроенергетска мрежа] кон Русија, така што гледа кон Европа. Тоа технички ќе биде предизвик, но е нешто опипливо што Европа може да го направи...“

Nuran Erkul Kaya  | 01.03.2022 - Обновена : 02.03.2022
ЕУ подготвена да ја поврзе Украина на својата електроенергетска мрежа

ИСТАНБУЛ (АА) - Украинската електроенергетска мрежа ќе биде поврзана со европската мрежа што е можно поскоро, изјави синоќа европската комесарка за енергетика, Кадри Симсон, јавува Агенција Анадолија (АА).

Симсон и француската министерка за еколошка транзиција Барбара Помпили ја потврдија одлуката на прес-конференцијата по состанокот на Советот за транспорт, телекомуникации и енергетика што се одржа со учество на министрите за енергетика на Европската Унија.

Симсон рече дека ги ислушала ставовите на министрите за синхронизацијата на електроенергетската мрежа на Украина со европската мрежа, работите во кои напредуваат веќе неколку години и сега наметнуваат потреба да се преземат технички чекори.

Таа вчера се состана со Европската мрежа на оператори на преносни системи (ENTSO-E) за да разговара за синхронизацијата на украинската електрична мрежа со европската мрежа. ENTSO-E моментално има 39 членови од 35 земји.

„Украина нема повторно да ја приклучи својата [електроенергетска мрежа] кон Русија, така што гледа кон Европа. Тоа технички ќе биде предизвик, но е нешто опипливо што Европа може да го направи. Ќе продолжиме со ENTSO-E со цел да го поврземе украинскиот електроенергетски систем што е можно побрзо“, рече Симсон, додавајќи дека овој чекор, исто така, ќе ја поврзе и Молдавија со мрежата на ЕУ.

Таа потврди дека ќе продолжи работата за испорака на гас во Украина преку обратен проток на гас од запад кон исток.

„Првите такви испораки од Унгарија беа извршени оваа зима. Физичкиот капацитет за обратен проток меѓу Словачка и Украина е зголемен и разговорите се во тек за продолжување на тоа во следните грејни сезони“, рече таа.

Симсон се осврна и на другите барања од енергетскиот сектор на Украина, вклучувајќи го дизелот, бензинот, авионското гориво и генераторите.

„Среќна сум што можам да известам дека веќе се закажани конкретни испораки од Полска, Литванија и Чешка, и многу други земји членки ветија помош“, рече Симсон, додавајќи дека министрите се согласиле и внимателно да ја следат безбедноста на нуклеарните централи во Украина.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.