свет

ЕУ бара ослободување на рускиот опозиционер Алексеј Навални

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел изјави дека од Русија очекуваат да соработува со Организацијата за забрана на хемиско оружје.

Ömer Tuğrul Çam   | 22.01.2021
ЕУ бара ослободување на рускиот опозиционер Алексеј Навални

БРИСЕЛ 

Лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) побараа пуштање на слобода на рускиот дисидент и опозиционер Алексеј Навални, кој е уапсен по враќањето од Германија во Москва, јавува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, наведувајќи дека челниците на ЕУ очекуваат Русија да спроведе независна и транспарентна истрага за обидот за труење на Навални, изјави дека од Русија очекуваат да соработува со Организацијата за забрана на хемиско оружје.

Навални, кој со авион од рускиот Томск тргна кон Москва, на 20 август 2020 година, му се слоши за време на летот поради што авионот слетал во Омск, каде е и хоспитализиран. Потоа се појави информацијата дека е отруен со супстанцата која му е ставена во чај.

Од Омск е префрлен во Берлин. По лекувањето во главниот град на Германија, Навални на почетокот на неделата, по доаѓањето во Москва е уапсен на аеродромот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın