свет

Ерупција на индонезискиот вулкан Семеру

- Денес се забележани 16 ерупции на вулканот, а започнал да исфрла и големи количества жешка пепел во околината

Murat Karadağ  | 19.04.2023 - Обновена : 20.04.2023
Ерупција на индонезискиот вулкан Семеру

ЏАКАРТА (АА) - Вулканот Семеру во индонезиската покраина Источна Јава започна да исфрла пепел, пренесува Анадолу.

Сигит Риан Алфиан, официјално лице на станицата за надзор на вулканот Семеру, рече дека вулканот, на кој денес се случиле 16 ерупции, започнал да исфрла големи количества пепел во околината, особено на североисток.

Алфиан изјави дека секоја вулканска ерупција, придружена со експлозија, траела меѓу 81 и 110 секунди.

Власта го предупреди населението во регионот да биде внимателно поради активностите на Семеру.

Од ерупцијата на вулканот Семеру во 2021 година смртно настрадаа 34 лица.

Во опасниот вулкански појас наречен „Пацифичкиот огнен прстен“, Индонезија има околу 130 активни вулкани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın