свет

Ердоган во разговор со Зеленски порачал дека вложуваат напори што поскоро да се прогласи примирје

- Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во текот на разговорот со украинскиот претседател, Владимир Зеленски, изразил сочувство за граѓаните на Украина што ги загубија животите во руските напади и им посака брзо заздравување на ранетите

Sefa Mutlu  | 26.02.2022 - Обновена : 27.02.2022
Ердоган во разговор со Зеленски порачал дека вложуваат напори што поскоро да се прогласи примирје

ИСТАНБУЛ

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, објави дека телефонски разговарал со украинскиот претседател, Владимир Зеленски, известува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението што го објави Канцеларијата за комуникации при Претседателството на Република Турција се наведува дека Ердоган и Зеленски разговарале за нападите на Русија врз Украина и за најновите случувања на тоа поле.

Ердоган во текот на разговорот изразил сочувство за граѓаните на Украина кои ги загубија животите во руските напади и им посакал брзо заздравување на ранетите.

Турскиот претседател порачал дека вложуваат напори да се прогласи примирје што е можно поскоро, со цел Украина да не претрпува понатамошни штети и да се спречи понатамошно губење животи.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın