свет

Епидемија на колера во Кенија одзеде 13 животи

Во источноафриканската држава Кенија епидемијата на колера е причина за смртта на 13 лица

Adam Abu-bashal   | 22.05.2020
Епидемија на колера во Кенија одзеде 13 животи

АБУЏА

Во источноафриканската држава Кенија епидемијата на колера е причина за смртта на 13 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерот за здравство на Кенија, Мутахи Кагве, за медиумите изјави дека 550 лица се лекуваат од колера.

Информирајќи дека во регионите Марсабит и Туркана 13 лица починале од колера, министерот Кагве истакна: „Мораме да прифатиме дека сме изложени на епидемија поради постојаните дождови и поплави во нашите региони.“

Кагве изјави дека итно се испратени лекови и медицински материјали во подрачјата во кои е забележана болеста.

Поројните дождови кои предизвикаа поплави и свлечишта во Кенија, се причина за смртта на околу 220 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın