свет

Египет: „Сакаме да ги развиеме односите со Турција"

„Египет сака да се воспостават врски во согласност со правилата на меѓународното право, без да им се наштети на интересите и дијалогот, што ќе бидат во корист на двете страни“, рече Шукри

Zeynep Hilal Karyağdı  | 12.04.2021 - Обновена : 13.04.2021
Египет: „Сакаме да ги развиеме односите со Турција"

ИСТАНБУЛ

Министерот за надворешни работи на Египет, Самих Шукри, истакна дека неговата земја сака да воспостави врски со Турција, во согласност со правилата на меѓународното право и дијалогот, што ќе бидат во корист на двете страни, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Шукри даде изјава за локална телевизија во врска со телефонскиот разговор со шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу.

Според него, поздравени се изјавите и гестовите направени од страна на Турција во последниот период.

Тој рече дека е важно што од процес на политички показатели е преминато во процес на политичка експанзија што ја определува рамката на односите.

Шукри нагласи дека со Чавушоглу разговарале за да упатат честитки по повод почетокот на месецот на постот Рамазан.

Како што рече тој, разговорот е реализиран врз основа на изјавите и сигналите што ги дала Турција во врска со важноста на Египет.

„Египет сака да се воспостават врски во согласност со правилата на меѓународното право, без да им се наштети на интересите и дијалогот, што ќе бидат во корист на двете страни“, рече тој.

Инаку, Чавушоглу на 10 април оствари телефонски разговор со Шукри со цел упатување честитки по повод месецот на постот Рамазан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın