свет

Египет: Приходите од Суецкиот Канал намалени за 6 милијарди долари поради тензиите во регионот

Претседателот Ал Сиси рече дека приходите од меѓународниот воден пат во последните осум месеци се намалени за 50 до 60 отсто

Ikrame Imane Kouachi  | 29.09.2024 - Обновена : 01.10.2024
Египет: Приходите од Суецкиот Канал намалени за 6 милијарди долари поради тензиите во регионот

АНКАРА (АА) - Египет загуби 6 милијарди долари од приходите од Суецкиот Канал поради ескалацијата на геополитичките тензии во регионот, изјави денес претседателот Абдел Фатах ал Сиси, јавува Анадолу.

Во говорот за време на церемонија за дипломирање на полициски службеници, Сиси рече дека приходите од меѓународниот воден пат во последните осум месеци се намалени за 50 до 60 отсто.

„Ние се стремиме кон менаџирање на нашите работи на начин што ќе ја зачува нашата земја и ќе ја одржи стабилноста во регионот, без да се вмешуваме во случувања кои можат да влијаат на безбедноста“, нагласи Сиси.

Египетскиот претседател предупреди дека моменталните регионални тензии може да доведат до проширување на конфликтот.

Тензиите во регионот ескалираа поради бруталната офанзива на Израел во Појасот Газа, во која загинаа речиси 41.600 луѓе, главно жени и деца, по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Суецкиот Канал, витална артерија за светската трговија, е најкратката поморска рута меѓу Европа и Азија. Тој е еден од главните извори на странска валута за Египет.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.