свет

Европската комисија предлага пакет од 104 милијарди долари финансиска поддршка за Украина за период 2026–2027 година

- Предлогот за измена на Украинскиот инструмент, заедно со приспособувањата на Регулативата за повеќегодишна финансиска рамка, би овозможил заемот да биде покриен од „ограничените можности“ на буџетот на ЕУ

Melike Pala  | 14.01.2026 - Обновена : 14.01.2026
Европската комисија предлага пакет од 104 милијарди долари финансиска поддршка за Украина за период 2026–2027 година

БРИСЕЛ (AA) – Европската комисиja денес претстави законодавни предлози за обезбедување 90 милијарди евра финансиска поддршка за Украина за периодот 2026–2027 година, со што се зајакнува посветеноста на Европската Унија кон Киев во услови на тековната војна, јавува Анадолу.

Предлогот за измена на Украинскиот инструмент, механизам за буџетска помош за Украина, заедно со приспособувањата на Регулативата за повеќегодишна финансиска рамка, би овозможил заемот да биде покриен од „ограничените можности“ на буџетот на ЕУ.

Предвидениот заем е поделен на две компоненти: 60 милијарди евра за воена помош и 30 милијарди евра за општа буџетска поддршка.

Комисијата наведе дека ЕУ го задржува правото да ги користи имобилизираните руски средства за отплата на заемот, во согласност со правото на ЕУ и меѓународното право. Претходно предложениот репарациски заем останува опција доколку козаконодавците одлучат да го активираат.

Поддршката ќе се финансира преку заедничко задолжување на ЕУ од капиталните пазари, гарантирано од „просторот“ на буџетот на ЕУ, слично на претходните програми за финансиска помош.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на прес-конференција во Брисел изјави дека 24 од 27 земји членки учествуваат во пакетот, додавајќи дека средствата имаат цел да ги зајакнат одбранбените капацитети на Украина и да овозможат функционирање на државата и јавните услуги.

„Средствата ќе се користат за набавка на опрема, главно од Украина, од Европската Унија и од земјите на ЕЕА/ЕФТА. Но, доколку овие неопходни набавки не се можни во овој регион и/или навреме, тогаш повремено може да биде можно опремата да се набави и надвор од Европската Унија“, изјави таа.

Предлозите се доставени до Европскиот парламент и Европскиот совет за разгледување и усвојување, при што Европската комисија нагласи дека брзото усвојување е од суштинско значење за да започнат исплатите во вториот квартал од 2026 година.

Фон дер Лајен додаде дека очекува предлозите брзо да бидат одобрени, што би овозможило првата исплата да се реализира во април.

По одобрувањето, Комисијата ќе ги финализира имплементациските аранжмани со украинските власти и ќе ја издаде првата транша од заемот.

Финансиската поддршка ќе биде условена со спроведување реформи, вклучително и зајакнување на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во рамки на Планот за Украина.

Од почетокот на руската војна против Украина, Европската Унија и нејзините земји членки обезбедија вкупно 193,3 милијарди евра поддршка, од кои 3,7 милијарди евра потекнуваат од имобилизирани руски средства.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.