свет

Денвер Нагетс во продолжение ја совлада Оклахома Сити Тандер и поведе со 2-1 во плејофот на НБА

– Во полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата, Денвер Нагетс на домашен терен ја совладаа Оклахома Сити Тандер со 113-104 во продолжението и поведе со 2-1 во серијата

Emre Aşıkçı  | 10.05.2025 - Обновена : 11.05.2025
Денвер Нагетс во продолжение ја совлада Оклахома Сити Тандер и поведе со 2-1 во плејофот на НБА

ИСТАНБУЛ (АА) – Во полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата, Денвер Нагетс на домашен терен ја совладаа Оклахома Сити Тандер со 113-104 во продолжението и поведе со 2-1 во серијата, известува Анадолу.

Синоќа во плејофот на НБА се одиграа два натпревара.

Во третиот натпревар од полуфиналната серија на Западната конференција, Нагетс во „Бол Арена“ го пречекаа Тандер и на крајот го совладаа со 9 поени разлика.

Најпрецизни кај Нагетс беа Џамал Мареј со постигнати 27 поени, Арон Гордон со 22 и Мајкл Портер со 21 поен. Српскиот кошаркар Никола Јокиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл од 20 поени и 16 скокови.

Кај Тандер, Џејлен Вилијамс беше најефикасен со 32 поени. Чет Холмгрен постигна дабл-дабл од 18 поени и 16 скокови, додека Шеј Гилџус-Александер средбата ја заврши со дабл-дабл од 18 поени и 13 скокови.


- Кливленд Кавалирс со победа ја намали серијата на 2-1

Кливленд Кавалирс, кои ги загубија првите два натпревара во полуфиналето на Источната конференција на НБА против Индијана Пејсерс, во третиот натпревар извојуваа победа на гостинскиот терен од 126-104 и ја намалија серијата на 2-1.

Натпреварот се одигра во „Гејнбриџ Филдхаус“, арената на Пејсерси.

Ѕвездата на Кавалирс, Донован Мичел, беше најефикасен играч на натпреварот со постигнати 43 поени и 9 скокови. Во редовите на гостинскиот тим дабл-дабл постигнаа Џарет Ален со 19 поени и 12 скокови, и Еван Мобли со 18 поени и 13 скокови.

Кај Пејсерси, Бенедикт Матурин постигна 23 поени, додека Паскал Сијакам натпреварот го заврши со 18 поени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.