свет

Двегодишно девојче загина, 8 се исчезнати по бродолом кај јужна Италија

Брод со 53 мигранти потона во близина на најјужниот италијански остров Лампедуза

Ahmet Gençtürk  | 21.11.2023 - Обновена : 22.11.2023
Двегодишно девојче загина, 8 се исчезнати по бродолом кај јужна Италија

АТИНА (АА) - Двегодишно девојче загина, а уште осум лица се водат како исчезнати откако брод со 53 мигранти потона кај најјужниот италијански остров Лампедуза, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Властите во Италија успеаја да спасат 45 луѓе, но двегодишното девојче почина на бродот што ги превезуваше на островот, според државната новинска агенција АНСА.

Две деца се меѓу исчезнатите лица, објави новинската агенција цитирајќи ги преживеаните.

Лампедуза беше во центарот на вниманието во последните месеци поради значителниот скок на бројот на чамци со мигранти што впловија таму.

Околу 1.087 луѓе пристигнаа во Лампедуза во понеделникот со чамци со мигранти, вклучително и брод со 576 луѓе од Египет, Сирија, Ирак, Мароко, Пакистан и Бангладеш.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın