свет

Протести во Италија поради израелскиот геноцид и окупацијата на Газа

- Илјадници луѓе, мавтајќи со палестински знамиња, често извикуваа слогани како „Слобода за Палестина“ и „Сите сме антиционисти“ и држеа транспаренти на кои пишуваше „Газа, доаѓаме“, „Стоп на геноцидот во Газа“ и „Стоп на договорите со Израел“.

Barış Seçkin  | 17.09.2025 - Обновена : 17.09.2025
Протести во Италија поради израелскиот геноцид и окупацијата на Газа

РИМ (АА) - Во многу италијански градови се одржаа протести поради израелскиот геноцид во Газа и неговата неодамнешна окупација на градот, известува Анадолу.

Протестни маршеви се одржаа синоќа во поголемите градови, како Рим, Милано, Неапол, Торино и Болоња.

Маршот започна во Рим пред Универзитетот „Сапиенца“ и продолжи до булеварот Фори Империјали во центарот на градот.

Илјадници луѓе, мавтајќи со палестински знамиња, често извикуваа слогани како „Слобода за Палестина“ и „Сите сме антиционисти“.

Демонстрантите држеа транспаренти на кои пишуваше „Газа, доаѓаме“, „Стоп на геноцидот во Газа“ и „Стоп на договорите со Израел“.

Демонстрантите истакнаа дека маршот го одржале за да се спротивстават на „Проектот за голем Израел“ и етничкото чистење на Палестинците.

Тие ги обвинија Италија и Европската Унија дека се соучесници на Израел.

Некои демонстранти ја истакнаа и својата поддршка за Глобалната флотила „Сумуд“, која тргна од Шпанија, Тунис, Италија и Грција со цел пробивање на израелската блокада на Газа.

Учесниците во маршот повикаа на генерален штрајк за Газа во понеделник, 22 септември.

Во Рим, но и во многу други градови низ земјата се одржаа протести на кои илјадници луѓе демонстрираа поради нападите на Израел врз Газа.


- Полицијата интервенираше на маршот во Милано

За време на маршот во Милано италијанската полиција, користејќи штитови, интервенираше врз демонстрантите на плоштадот Обердан.

Демонстрантите реагираа на потиснувањето од полицијата.

Во меѓувреме, италијанските медиуми објавија дека група студенти што ја поддржуваат Палестина влегле на предавање на професор на Универзитетот во Пиза, со образложение дека тој поддржува ционистички тези и протестирале мавтајќи со палестински знамиња.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.