свет

Горниот дом на швајцарскиот Парламент одобри продажба на 25 тенкови „Леопард“ за Германија

Германските министри претходно ја уверуваа неутрална Швајцарија дека тенковите „Леопард 2“ нема да ги испорачаат на Киев

Timo Kirez  | 27.09.2023 - Обновена : 28.09.2023
Горниот дом на швајцарскиот Парламент одобри продажба на 25 тенкови „Леопард“ за Германија

ЖЕНЕВА (АА) - Горниот дом на швајцарскиот Парламент одобри продажба на 25 тенкови „Леопард 2“ на Германија, пренесува Анадолу.

Како што објави државната телевизија „СРФ“, швајцарската Армија располага со вкупно 96 тенкови „Леопард 2“ повлечени од употреба.

Долниот дом на швајцарскиот Парламент го одобри планот во јуни.

За останатите детали за продажбата на тенковите на германскиот производител „Раинметал“, меѓу кои и точниот рок, ќе одлучи швајцарската Влада.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек и министерот за одбрана Борис Писториус во февруари побараа тенковите „Леопард 2“ да бидат продадени на Раинметал.

Ова оружје ќе послужи како замена за тенковите испорачани на Украина.

Германските министри претходно ја уверуваа неутрална Швајцарија дека тенковите „Леопард 2“ нема да ги испорачаат на Киев.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.