свет

Германски активисти од флотилата пристигнаа во Грција по нелегалното приведување во Израел

Тие се транспортирани во Грција и примени од персоналот на германската амбасада во Атина

Oliver Towfigh Nia  | 07.10.2025 - Обновена : 07.10.2025
Германски активисти од флотилата пристигнаа во Грција по нелегалното приведување во Израел

БЕРЛИН (АА) - Германија денес соопшти дека 14 Германци кои беа нелегално приведени во Израел од флотилата со помош за Газа се депортирани, јавува Анадолу.

Според неименувана портпаролка на Министерството за надворешни работи, тие биле транспортирани во Грција и примени од персоналот на германската амбасада во Атина.

Јасемин Ачар вчера изјави дека таа и другите на бродовите „минале низ тортура“ откако биле „киднапирани во меѓународни води“ и донесени во Израел против нивна волја.

Таа рече дека биле лишени од храна и спиење додека се наоѓале в затвор, истакнувајќи дека настаните што се одвиваат во Газа се „геноцид што нашите земји го поддржуваат финансиски, морално и со оружје“.

Опишувајќи го нивното затворање како „брутално“, Ачар нагласи дека им биле одземени сите права.

- Германија е подготвена да помогне во обновата на Газа по војната -

Во меѓувреме, министерката за развој Рим Алабали Радован изјави дека нејзината земја е подготвена да поддржи конкретни проекти за обнова во случај на прекин на огнот во Појасот Газа.

„Веќе имаме проект, на пример, привремени засолништа. Тој веќе е финансиран и подговтвен. Голем дел од Појасот Газа е уништен. Тоа значи дека луѓето немаат покрив над главата; речиси и нема инфраструктура“, изјави министерката за јавниот радиодифузер Дојчландфунк.

Таа истакна дека состојбата со хигиената моментно е катастрофална, посочувајќи дека нејзиното Министерство би можело да обезбеди поддршка во областите на санитација, снабдување со вода или отстранување на отпадот.

„Ова се само неколку примери во кои веќе имаме искуство и каде што би можеле да обезбедиме непосредна поддршка“, рече министерката.

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул вчера изјави дека неговата земја е подготвена да организира конференција за обнова на Газа заедно со Египет.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.