Германија: Оштетени се муслиманските гробишта во Изерлон
Нападот бил извршен ноќта на Нова година од страна на неидентификувани лица

Келн
Оштетени се надгробни плочи во напад врз муслиманските гробишта во германскиот град Изерлон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Се истакнува дека нападот бил извршен ноќта на Нова година од страна на неидентификувани лица.
Напаѓачите ги скршиле надгробните плочи на турските и муслимански гробишта и ги оштетиле гробовите.
Пратеникот од АК Партија во турскиот Парламент, Зафер Сиракаја, преку социјалните мрежи го осуди овој напад.
„Ја повикувам германската Влада, полицијата, судството и јавноста да покажат јасен став против насилството и дискриминацијата врз муслиманите и против овој низок менталитет што ги има како цел дури и гробовите“, напиша тој.